Во Бугарија почина лекар од коронавирус

Од:

Лекар од Центарот за итна помош во Софија почина од коронавирус, јавија бугарските медиуми.

42-годишниот лекар Јулијан Стамов се заразил во присуство на лице заболено со коронавирус кое било во тешка здравствена состојба. Според лекарското соопштение, заразата била главниот причинител за влошување на здравјето на докторот кој починал за време од една недела откако ги почуствувал првите симптоми.

Ова не е прв случај во соседна Бугарија да почине медицинско лице, имено во првата недела од мај, почина лекар од истиот центар во главниот град.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит