Во Бугарија најавуваат сопствена вакцина наесен

Од:

Бугарска вакцина против Ковид-19 ќе биде претставена наесен на светски научен конгрес. Тоа го тврди Андреј Чорбанов раководител на Одделот за имунологија на Институтот за микробиологија на Бугарската академија на науките.

Во изјава за БНТ тој додаде дека секоја држава што има свои разработки за вакцини може да биде многу понезависна. Според него, тие сакаат вакцината да има две форми – инхалациона и имунизациона.

– Вирусот Ковид-19 мутира полека, во многу мала мера. Сепак, се уште не го знаеме процентот на луѓе кои нема да бидат погодени од вирусот. Сепак, никој не е сигурен, но ова не треба да го менува начинот на живот, изјави бугарскиот имунолог Чорбанов.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит