Во Бугарија рекорден број на починати од Ковид-19

Од:

Во Бугарија во последниве 24 часа има нови 204 позитивни случаи на коронавирус, соопшти бугарското министерство за здравство. Најголем број новозаразени има во главниот град Софија – 51, а потоа следат Варна со 42 и Добрич – 19. Во државата излекувани се вкупно 264 лица.

Вкупниот број на заразени досега изнесува 12.159, од кои 5.071 се активни и 823 се хоспитализирани, а 43 лица се наоѓаат во одделите за интензивна нега.

Како последица од Ковид-19, во соседна Бугарија починаа 16 лица во изминатите 24 часа, со што вкупниот број на починати достигна 404 лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит