Во Бугарија 330 нови случаи на коронавирус

Од:

Во Бугарија расте бројот на новозаразени со коронавирусот, откако во последните 24 часа се регистрирани 330 нови случаи.

Тестирани се 3.686 луѓе, а починале уште три лица.

Вчера беа регистрирани 240 нови случаи, а завчера, 188.

Во изминатото деноноќие оздравеле 63 лица.

Во болниците се лекуваат 525 пациенти, од кои 28 се на интензивна нега.

Од почетокот на пандемијата во Бугарија се регистрирани вкупно 6.672 заразени, од кои 262 починале.

Во моментов, активни се над три илјади случаи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит