Во Бугарија 14-дневен карантин само за граѓаните од осум земји

Од:

Бугарскиот Централен оперативен штаб предложи укинување на 14-дневниот карантин за бугарските и странските државјани од земјите-членки на ЕУ, како и за граѓаните од Македонија и од Србија при влезот во Бугарија, јави БГНЕС.

– Предлогот е врз основа на податоците на Европскиот центар за контрола на болестите, изјави доцент Ангел Кунчев.

Задолжителниот 14-дневен карантин ќе остане само за граѓаните на осум држави, кои имаат голем број инфицирани лица со Ковид-19 во последните две недели. Карантинот ќе биде задолжителен за граѓаните на Белгија, Италија, Малта, Шпанија, Португалија, Шведска, Ирска и Велика Британија.

Во Бугарија евидентирани се 2.485 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 136 починаа, а 1.016 оздравеле.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит