Во бродската несреќа во Егејското море загинаа пет деца и две жени

Од:

Безживотните тела на уште пет лица биле пронајдени во морето северно од островот Инусес во Егејското море, со што бројот на загинати се искачи на седум лица откако утрово се преврти чамец, веројатно со бегалци и мигранти.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, во морето биле пронајдени седум тела, меѓу кои четиригодишно дете и едно бебе, три деца и две жени, а спасени се 12 лица -пет мажи, три жени, три мали деца до шест години и едно 12-годишно дете.

И понатаму продолжува спасувачка акција во која учествуваат бродови на грчката крајбрежна служба, брод и авион на Фронтекс и хеликоптер на грчката воена морнарица.

Чамецот во кој имало околу 19 лица утрово, од засега непознати причини, се преврти северно од островот Инусес, што се наоѓа меѓу грчкиот остров Хиос и турското крајбрежје.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски