Во Брисел продолжува техничкиот дијалог Белград-Приштина

Од:

Последната рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина за примена на бриселската спогодба синоќа заврши без изјави за јавоста и ќе продолжи денеска.

Вчера на експертите од белградскиот тим им се придружија и советникот на претседателот на Србија Марко Ѓуриќ, координаторот за имплементација на Бриселскиот договор Александар Вулин и министерот за правда и државна управа Никола Селаковиќ.

Тековната рунда се одвива по работни групи, а е посветена на прашањата на полицијата, правдата и подготовките за локалните избори кои во октомври ќе се одржат во косовските општини во кои мнозинството се Срби.

Едно од преостанатите спорни прашања е врзано за амнестијата која Приштина треба да ја прогласи пред формирањето на Заедницата на српски општини.

Без закон за амнестија, припадниците на српските безбедносни и правосудни структури, кои според планот треба да се бидат во рамки на ЗСО и да бидат интегрирани во косовскиот систем, можат да бидат кривично гонети заради активности кои ги вршеле во претходниот период, а кои се во спротивност со косовскиите закони.

Доколку работните групи не успеат да ги усогласат ставовите до вечерва, нерешените прашања ќе се најдат на дневниот ред во текот на состанокот на премиерот на Србија Ивица Дачиќ со косовскиот премиер Хашим Тачи, кај високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност Кетрин Ештон.

Танјуг дознава дека средбата, закажана за 20 јуни, ќе има формат на работна вечера, бидејќи Ештон дури во четврток навечер се враќа од блискоисточната турнеја.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски