Во Босна се испитува поврзаноста меѓу кинески респиратори и високата смртност од Ковид-19

Од:

Обвинителството на Сараевската жупанија денеска започна истрага дали стапката на смртност од Ковид-19 е толку висока затоа што поголем број случаи се поврзани со неквалитетни респиратори од Кина.

Одлуката е донесена откако 17 анестезиолози од Клиничкиот центар во Сараево предупредија дека е обезбедена несоодветна опрема за пациентите со најтешка клиничка слика на Ковид-19.

Бидејќи бројот на смртни случаи нагло се зголеми, анестезиолозите, особено во Сараево, како можна причина наведоа дека во најтешката фаза на болеста тие се поврзани со неквалитетни респиратори купени минатата година од Кина под сомнителни околности.

Поради тоа се обвинува премиерот на Федерацијата БиХ, Фадил Новалиќ и други лица вклучени во набавката, за што беа одвоени 5,3 милиони евра од буџетот.

Стотици кинески респиратори означени со AЦM812A, според анестезиолозите кои работат со нив, практично се бескорисни во болниците затоа што не дозволуваат спроведување на поставките за вентилација на пациентот, ниту пак се корисни за лекување на патолошката состојба на пациентите со дијагностициран Ковид-19.

По вонредната седница на владата на Сараевската жупанија, нејзиниот претседател Един Форто рече дека поради тоа ќе биде побаран вонреден инспекциски надзор над ситуацијата во клиниката во Сараево.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина