Во Босна и Херцеговина на полноќ почнува изборниот молк

Од:

Во Босна и Херцеговина на полноќ почнува изборниот молк, што ќе трае до затворање на избирачките места во недела. Тогаш се одржуваат општите избори, граѓаните бираат нови членови на Претседателството на БиХ, претседател на Република Српска, пратеници за парламентот на БиХ, Народното собрание на Република Српска, парламент на Федерацијата БиХ и за собранијата на десет кантони во Федерацијата БиХ.

На избирачкиот список се 3.368.666 гласачи, од кои 63.264 ќе гласаат преку пошта.

Од Централната изборна комисија на БиХ информираа дека на изборните листи ќе се најдат 127 политички субјекти, од нив 72 политички партии, 38 коалиции и 17 независни кандидати.

Како што пишуваат дел од медиумите, во центарот на фокусот е изборот на нови членови на Претседателството на Босна и Херцеговина, од кои бошњачкиот и хрватскиот член се избираат во Федерацијата БиХ, а српскиот во Република Српска.

За бошњачкиот член, битката е меѓу Бакир Изетбеговиќ, кандидатот на Партија на демократските акции и Денис Беќировиќ од Социјалдемократската партија на БиХ, кого го поддржаа и останатите опозициски партии во Федерацијата Босна и Херцеговина.

Во трката за хрватскиот член се Борјана Кришто, кандидатката на Хрватската демократска заедница на БиХ и Жељко Комшиќ од Демократскиот фронт.

Гласачите од Република Српска ќе може да бираат меѓу пет кандидати, а главни ривали се Жељка Цвијановиќ, кандидатката на Сојузот на независни социјалдемократи и Мирко Шаровиќ од Српската демократска партија.

Цвијановиќ во претходниот мандат беше на позицијата претседателка на Република Српска, додека лидерот на Сојузот на независни социјалдемократи, Милорад Додик беше српски член на Претседателството на Босна и Херцеговина.

Додик сега е во трка за претседател на РС, а од 31 кандидат за позицијата, за негов најголем противник се смета Јелена Тривиќ, кандидатка на ПДП и СДС – опозициските партии во Република Српска.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Максим Димитриевски во Ѓорче Петров: Плагијатите што ги прават се потврда дека ЗНАМ нуди вистински решенија за состојбите во Македонија

Орце Костов

Битиќи: Просечната пензија ќе ја зголемиме на 30.000 денари

Орце Костов

Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Александар Тодески