Во Босна и Херцеговина 128 лица заразени со коронавирус

Од:

Во Босна и Херцеговина денеска се потврдени два нови случаи на заразени со новиот коронавирус, со што вкупниот број се зголеми на 128 лица.

Двата нови случаи се во областа Брчко, каде досега немаше регистрирани заразени лица. Локалните власти потврдија дека млади сопружници се заразени во Брчко.

Поединечно, најголем број заразени лица во БиХ и натаму се од областа Бања Лука, каде досега се регистрирани 64 такви случаи, од вкупно 90 потврдени случаи на територијата на Република Српска.

Во обид да се спречи понатамошно ширење на епидемијата, властите и во двата ентитета (Република Српска и Федерација Босна и Херцеговина) воведуваат дополнителни мерки за спречување на движењата на населението речиси секој ден.

Покрај полицискиот час во ФБиХ од 18 часот до 5 часот наутро и во Република Српска од 20 часот до 5 часот наутро, воведени се мерки за забрана на движење во поголеми групи, како и ограничување на престој на отворени простори.

Би можело да ве интересира

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Државјанин на Босна и Херцеговина ограбил џамија во Чегране

Силен земјотрес во БиХ, епицентарот е на 16 километри од Сараево

Пукање во трговскиот центар во Тузла, полицаец застрела жена

Горан Наумовски