Во болниците во северна Грција сите починати од Ковид-19 во изминатата седмица биле невакцинирани

Од:

За една седмица, во периодот од 12 до 19 септември, во четвртиот здравствен регион во северна Грција во кој се вклучени 14 болници, од Ковид-19 починале 54 лица и сите биле невакцинирани, јави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалните податоци, објавени рано утрово, од конкретниот регион што ги опфаќа болниците од областите Македониа и Тракија, 248 пациенти се хоспитализирани со Ковид-19, од кои 81,5 отсто се невакцинирани, 22 пациенти се со кислородна поддршка и сите се невакцинирани, а на Одделите за интензивна нега, приклучени на апарати се 53 пациенти, од кои само двајца се имунизирани, односно 96,2 проценти се невакцинирани.

Во северна Грција, имунизациската покриеност е помала во споредба со други делови во земјата и вакцинирани, со најмалку една доза се меѓу 42 и 52 отсто, во зависност од регионот.

Би можело да ве интересира

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен