Во БиХ операција поради измами и затајување данок

Од:

Припадниците на Државната агенција за истрага и заштита и на полициските агенци денеска по налог на Обвинителството на Босна и Херцеговина во повеќе градови извршија претреси и апсења насочени кон повеќе физички и правни лица, осомничени за измами и затајување данок.

Активностите против осомничените за организиран криминал, во соработка со Управата за индиректно оданочување на БиХ, се спроведуваат во градови на двата ентитета и во дистриктот Брчко.

Осомничените, според истрагата во периодот од 2011 до 2014 година преку правни лица вршеле увоз на стока по потекло од Кина, која ја доставувале до ним познати лица и стоката без евидентирање и деловни книги ја продавале за готовина на подрачјето на Сараево и дистриктот Брчко.

Со цел тоа да го прикријат во деловните книги преку правни лица фиктивно прикажувале дека стоката се наоѓа во залихи.

Според досегашните докази, со финансиските малверзации буџетот на БиХ е оштетен за околу 8,5 милиони конвертибилни марки (околу 4,3 милиони евра).

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници