Во БиХ има седум до осум илјади мигранти

Од:

Според податоците на Службата за надворешни работи, во БиХ во моментов има меѓу 7.000 и 8.000 мигранти, односно на последниот ден од јуни биле регистрирани 6.641, а од таа бројка само 162 лица побарале азил во БиХ, пренесува сараевскиот портал Кликс.

Повеќето од нив се од Пакистан, 26,9 проценти, потоа од Авганистан 26,3 проценти, Мароко 15 проценти, Бангладеш 6,1 процент и Ирак 5,8 проценти. Од други држави се 19,9 проценти.

Како одговор на пратеничко прашање, Службата соопшти дека најголемиот проблем со кој се соочуваат е што мигрантите немаат документи за идентификација, што го отежнува утврдувањето на нивниот идентитет.

Во таква ситуација, велат тие, Службата им зема биометриски податоци и ги фотографира, по што инспекторите ги утврдуваат начините за влез и престој во земјата.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина