Белградската полиција го уапсила М.Д. (38) македонски државјанин осомничен за извршени повеќе кривични дела „тешка кражба“.
Како што денеска соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија, М.Д. е уапсен за време на обивање стан во Белград, а кај него е пронајдена поголема количина накит.
М.Д. за кого белградската полиција имала распишано потерница, е осомничен дека во близина на станот во кој сакал да изврши кражба, се обидел да влезе во уште три станови. Осомничен е дека досега провалил во 12 куќи, стноави, како и угостителски објекти од кои крадел злато, пари, техничка стока и каси.