Во Белград повторно лажни дојави за бомби во студентски домови и трговски центри

Од:

Три трговски центри, четири студентски домови, Музејот на Југославија и некои други објекти во центарот на Белград денеска добиле дојава за бомби, јави дописникот на МИА од Белград.

dobivaj vesti na viber

Бомби денеска била пријавена во трговскиот центар Ада мол -Галерија, БИГ Раковица, како и во Бео шопинг трговскиот центар, соопштија од Министерството за внатрешни работи,по што сите вработени и посетители се евакуирани.

По дојавата дека во студентските домови „Студентски град“, „4 април“, „Слободан Пенезиќ“ и „Вера Благојевиќ“ во Белград биле поставени бомби, припадниците на МВР излегле на терен и по детална проверка на антидиверзантските екипи било утврдено дека пријавите за поставените бомби се лажни, соопштија од Министерството за образование.

Од истите причини денеска беше евакуиран и Музејот на Југославија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Блиц: Македонски државјанин се поли со бензин и се запали на Нов Белград

А1он

Аеродромот во Белград утрово беше затворен поради дојава за бомба

ВИДЕО: Протест во Белград против војната во Украина и против Путин

Катерина Павлова-Николовска

Мурал со ликот на Путин во Белград

Во Белград полицијата ги раздвои протестите против војната во Украина и оној против НАТО

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Голем протест за поддршка на Русија во Белград: „Путин е најсилен“