Во Белград отворена централата на Транспортната заедница на ЈИЕ

Од:

Седиштето на Секретаријатот на транспортната заедница на Југоисточна Европа беше отворено денеска во Белград, во присуство на српскиот премиер Ана Брнабиќ.

На отворањето на седиштето на Секретаријатот во Белград присуствуваа вицепремиерот и министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Зорана Михајловиќ, европскиот комесар за транспорт Виолета Булц, вршителот на должноста директор на транспортната заедница Ален Барон и шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Сем Фабрици. Основањето на транспортната заедница беше договорено и потпишано во 2017 година, како дел од Берлинскиот процес.

-Сакам да им се заблагодарам на сите партнери во регионот што не поддржуваа и што не не спречуваа да го сториме тоа, рече Брнабиќ.

Како што рече таа, денеска сите заедно испраќаат важна порака дека можеме успешно да работиме со сите партнери во регионот и да најдеме начини да ги надминеме пречките и да имаме подобра иднина.

Договорот за основање на транспортната заедница беше потпишан во Трст во јули 2017 година, а во декември 2017 година, на министерскиот состанок за транспортна заедница во Брисел, Белград едногласно беше избран за седиште на постојаниот Секретаријат.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати