Во Белград дојави за поставени над 50 бомби на 12 локации

Од:

Дојава за 50 бомби на 12 локации во Белград добиле дел од белградските медиуми. Дојавата ја потврди и српската полиција.

Во мејловите што ги добиле неколку белградски медиуми, се наведува дека девет бомби биле поставени во Студентскиот дом на булеварот Крал Александaр, една во Амбасадата на Белорусија, 17 бомби во Трговскиот центар Ушче, две бомби во КФЦ на Студентскиот плоштад, девет на Аеродромот Никола Тесла (од кои четири на паркингот под цивилни автомобили), шест бомби во Трговскиот центар Делта Сити, една бомба на Филозофскиот факултет на вториот кат, четири бомби во зградата на Ректоратот на Белградскиот универзитет, две на Уметничкиот универзитет, три во Земунската болница, по една бомба во три обложувалници Меридијанбет.

-Вие сте сè уште тројанскиот коњ на Путин во Европа, сè уште се фотографирате со руски политичари, одржувате заедно разузнавачки проекти, таа ваша издрогирана будала Вулин доаѓа во Москва за да подготви дополнителни методи на репресија и угнетување и да ја шири волјата на Путин. Масовните четнички касапи и силувачи сега се ваши примерни граѓани, цајкани, војници, политичари, бизнисмени. Целата ваша земја е извалкана со невина крв и никој од вас нема храброст тоа да го осуди, се наведува во мејлот, додавајќи дека „ќе има крв до лактите”.

Во мејлот, покрај низата закани и пцовки, се споменуваат и поддржувачите на Жељко Ражнатовиќ Аркан, Воислав Шешељ, Вук Драшковиќ и „Вагнеровците“.

Од МВР соопштија дека се во прашање повеќе локации за наводно поставени бомби, дека некои објекти се евакуирани и дека увидот е во тек.

Би можело да ве интересира

Евакуација во Ниш, ќе се дислоцира стара, но моќна бомба на НАТО

Горан Наумовски

Се запали воз во Белград

Горан Наумовски

Џејми Оливер отвори ресторан во Белград: Познати и цените

Предраг Петровиќ

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Поради наводно подметната бомба евакуирана болница во Москва

Горан Наумовски

Маж од Белград на сила принудувал девојка да скокнат заедно од зграда

Горан Наумовски