ВИДЕО: Снегот во Турција предизвика хаос, загинаа најмалку тројца во тешка сообраќајна несреќа

Од:

Најмалку три лица загинаа во несреќа во Турција предизвикана од сообраќаен хаос поради обилните снежни врнежи, јави турската новинска агенција Анадолија.

Уште најмалку 18 лица се повредени кога возач на автобус во северната провинција Токат изгубил контрола над возилото, кое потоа завршило во провалија и се превртело.

Преминот низ Босфорскиот теснец во Истанбул е привремено затворен поради слаба видливост. Лошото време се одрази и на животот во југоисточна Турција.

Во провинциите Бингол, Ширнак и Елазиг, многу села се отсечени од сообраќај.

Турската метеоролошка служба очекува дека снегот ќе продолжи да паѓа во текот на неделата во Истанбул и делови од регионот на Црното Море.

Во делови од Анадолија и југоисточна Турција ваквото време се очекува да се задржи до понеделник навечер.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски