Во авион од Доха за Атина 12 позитивни случаи на Ковид-19, во карантин 91 патник

Од:

Во авион со 91 патник на „Катар ерлајнс“ што синоќа слетал од Доха во Атина, позитивни на Ковид-19 се 12 патници, по што Секретаријатот за цивилна заштита на Грција одлучи да ги забрани летовите од и кон Катар, јави дописничката на МИА од Атина.

Од заразените, девет се државјани на Пакистан со дозвола за престој во Грција, двајца се грчки државјани од Австралија, а еден е Јапонец, член на грчко- јапонско семејство.

Според протоколот што се применува во Грција, сите патници кои слетуваат на атинскиот аеродром, што воедно е единствениот отворен за меѓународни летови, се тестираат за Ковид-19, а додека да пристигнат резултатите, сместени се во хотели карантин. Оние кои што се позитивни, остануваат 14 дена, додека пак за оние кои што се негативни, но се сметаат за контакти од висок или низок ризик, остануваат една седмица во карантин, по што се повторува тестот.

Оваа e пракса во Грција во изминатиот период, со оглед на тоа дека не постои забрана за летови за сите земји.

Од 15 јуни, кога и официјално ќе започне туристичката сезона во Грција, тестирања ќе се прават само по случен избор.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: По коронавирусот, Вухан го погоди и голема поплава

Горјан Грнчаровски

Во Франција од коронавирус починале близу 30.000 лица

А1он

АТП со промена во системот на рангирање во услови на пандемија

А1он

36 туристи кои пристигнале во Грција позитивни на коронавирус, 20 од нив се Срби

А1он

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

А1он

Десетина жители на сибирско село заразени од Ковид-19, руските власти прават канал за да го спречат ширењето на вирусот во земјата

А1он