Во Атина запленет над еден тон канабис наменет за Либија

Од:

Скриен во пакувања урми, спакувани во кутии, грчката полиција во товарен брод на атинското пристаниште Пиреас, откри и заплени над еден тон преработен канабис, јави дописничката на МИА од Атина.

Товарниот брод што бил регистриран дека пренесува „прехранбени производи“ на 21 декември 2019 тргнал од Бејрут, крајната дестинација бил градот Мисурата во Либија, а Пиреа било транзитно пристаниште.

Како што соопштија од грчката полиција, во бродот биле откриени 2.279 картонски кутии со прехранбени производи, а во нив во смеса од урми биле скриени 6.304 пакувања со преработен канабис со вкупна тежина од еден тон и 257 килограми и 535 грама.

Канабисот бил откриен во акција во која учествувал Секторот за борба со дрога на грчката полиција, Дирекцијата за борба со економски криминал од Министерството за финансии на Грција, а во соработка со канцеларијата на американската служба за борба со дрога во рамките на амбасадата на САД во Атина и Дубаи и надлежните власти од Саудиска Арабија.

Би можело да ве интересира

Контрола на сите возила на автопатиштата и патарините во Грција

А1он

Грчкиот туризам да се насочи кон земјите кои добро се справуваат со епидемијата, бараат од Здружението на грчки туристички фирми

Ана Ололовска

Глобална иницијатива за помош во справувањето со Ковид-19 од Фондацијата „Ставрос Ниархос“ во висина од 100 милиони долари

Ана Ололовска

Започнуваат со работа 500 мобилни здравствени единици во Грција за грижа и земање примероци на можни случаи на Ковид-19

Ана Ололовска

Од Ковид-19 во Грција веќе има 81 жртва, заразени вкупно 1.832 граѓани

А1он

Двојно зголемено купувањето преку интернет во Грција

А1он