Во Албанија за еден ден 782 новозаразени и 13 починати од Ковид-19

Од:

782 новозаразени лица, починати 13 и оздравени 572 е билансот од епидемолошката состојба во последното деноноќие во Албанија.

Во изминатите 24 часа направени се 2.256 тестирања, а вирусот е дијагностициран кај 782 лица, што е околу 37 отсто од тестраните. И покрај сите напори на здравствениот персонал битката ја загубија 13 лица сите во болнички услови. За среќа, оздравени се 572 лица, информираше Министертвото за здравство и социјална заштита.

Во четирите ковид болници хопстализирани се 480 паценти, од нив 33 се на интензвна терапија, додека 14 се интубирани.

Според Министертвото за здравство, од почетокот на пандемијата досега, направени се 197.062 тестови, позитивни на вирусот биле 40.501, оздравеле 20.484, додека починале 852 лица.

Во меѓувреме продолжуваат критиките на адреса на Владата и Министерството за несоодветно справување со пандемијата.

По вчерашните барања на експерти од јавното здравство да се зголеми бројот на тестовите и проширување на ограничувачките мерки, попладнево поранешниот министер за здравство Петрит Васили обвини дека „мерките против Ковид-19 се преземаат на слепо“.

Тој додаде дека зголемувањето на бројот на смртните случаи е алармантен.

– Прашањето за починатите не може да се премине со политички изјави. Треба да се види начинот на примена на протоколите. Зголемувањето на смртните случаи за повеќе од 60 проценти е многу сериозно и бара детална анализа бидејќи станува збор за човечки животи. Тоа е многу сериозна ситуација на целата територија и ова бара итно дејствување. Мерките против Ковид-19 се преземаат на слепо, рече Васили.

Тој додаде дека тоа е затоа што не се прават доволно тестови и нагласи дека во ситуацијата во која е земјата треба да се прават од 5.000 до 6.000 тестови на ден.

Би можело да ве интересира

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Земјотрес во Албанија

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

ВИДЕО: Повторно хаос во албанскиот парламент, сесијата заврши предвреме поради немири

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Црна Гора

Горан Наумовски