Во Албанија уште една жртва од Ковид-19, излекувани уште тројца здравствени работници

Од:

Во Албанија попладнево почина уште еден пациент заразен од Ковид-19,со што вкупната бројка се зголеми на 22 лица.

Починатиот е 90-годишно лице, кое во Инфективната клиника во Тирана било хоспитализирано пред пет дена, а боледувало и од други болести.

„Попладнево имаме и една добра вест. Излекувани се уште тројца здравствени работници, со што бројката на излекуваните доктори и медицинси сестри се зголеми на 21. До сега излекувани се вкупно 116 граѓани и медицински лица“, напиша на фејсбук Огерта Манастирлиу, министерка за здравство и социјална заштита.

Од министертвото денеска напладне информираа дека се дијагностицирани нови 16 случаи со што вкупниот број се зголеми на 377 лица, најголем број од нив се во Тирана или 177 лица.

Хоспитализирани се 73 пациенти од кои 11 се на интензивна терапија.

Според експерите од оваа област оваа недела се очекува коронавирусот да го достигне врвот

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија