Во Албанија пристигнаа 340.000 вакцини, најголема количина досега

Од:

Во Албанија денеска пристигна пратка од 340.000 вакцини од Коронавак, што е најголема пристигната количина до сега во земјата.

Веста ја објави на Фејсбук премиерот Еди Рама, додавајќи дека вкупната количина на обезбедени до сега вакцини е 1.578.790 дози.

-Добра вест. Пристигнаа 340.000 дози вакцина Коронавак на аеродромот Мајка Тереза, најголемата количина досега, со што вкупно се пристигнати 1.578.790 вакцини. На сите ви посакувам убав и успешен ден. Албанија се насмевнува, напиша Рама.

Со процесот на имунизација, кој во земјата, под мотото „Албанија се насмевнува“, почна на 11 јануари, до сега, опфатени се над милион и 40 илјади граѓани а пола од нив се ревакцинирани. Се користат вакцини од Фајзер, Астра Зенека, Синовак и Спутник В.

Според националната стратегија, целото население во Албанија треба да биде вакцинирано до пролет следната година. За да се постигне целосна имунизација, предвидена е вакцинација на 2,2 милиони луѓе, за кои се потребни 4,4 милиони дози вакцина.

Од вчера почнаа да функционираат мобилни екипи кои ги посетуваат жителите во руралните средини, како и по домови немоќни, стари и лица со попреченост.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија