Во Албанија лани починале 25,8 отсто повеќе, а се родиле 1,7 отсто помалку од годината претходно

Од:

Според податоците на Институтот за статистика, во Албанија минатата, споредено со претходната година, забележана е повисока смртност за 25,8 отсто.

-Во 2020 година, починале вкупно 27.605 лица што е зголемување од 25,8 отсто или 5.668 починати повеќе споредено со 2019 година. Ова е рекордно ниво на загубени животи во земјата од 1990 година, наведува ИНСТАТ.

Доколку пак се направи споредба на бројките објавени од ИНСТАТ со оние на Дирекцијата за матична евиденција се забележува дека бројката е за околу 300 лица повисока. Според Дирекцијата, како прв извор на податоци, во 2020 година починале околу 28 илјади лица.

Од друга страна минатата година забележан е пад на наталитетот. Родени се 28.075 бебиња што претставува пад за 1,7 отсто. Најмалку бебиња се донесени на свет во четвртиот кваратал или 7.011 што е 11,4 отсто помалку споредено со истиот перод претходната годна.

-Бројот на смртни случаи во четвртиот квартал од 2020 година е 9.397, што претставува раст од 73,3 отсто, во споредба со четвртиот квартал од 2019 година. Природниот прираст на населението, во четвртиот квартал од 2020 година покажува дека има 2.386 смртни случаи повеќе од

раѓања. Во 2020 година природниот прираст е 470 раѓања повеќе од смртни случаи, наведува ИНСТАТ.

Медиумите потсетуваат дека опозицијата и дел од лекарската фела Владата и премиерот Еди Рама претходно ги обвија за манипулирање со бројот на жртвите од Ковид-19 „со цел да се затскрие нивниот целосен неуспех“.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија