Во Албанија голем број новозаразени од Ковид-19, опозицијата обвинува за епидемилошка катастрофа

Од:

Во последното деноноќие во Албанија повторно е регистрирана висока бројка на новозаразени со Ковид-19, јави дописничката на МИА од Тирана.

– Од направените тестови на сомнителни случаи, позитивен резултат е добиен кај 136, при што најголем број од новозаразените или 66 се од Тирана, останите се речиси од целата територија на земјата. Во исто време битката со коронависот ја добиле 74 граѓани, додека ја згубиле шестмина, меѓу кои и еден од најпознатите скулптори и универзитетски професор Арбен Бајо (53), информираат од Министерството за здравство и социјална заштита.

Според истиот извор, со последните 561, досега направени се 45.942 теста, Ковид дијагностивирани се 6.411, оздравеле 3.342, починале 199, додека активни на болеста се 2.870.

Поголемиот процент од болните се лекуваат амбулантски или во домашни услови, додека 122 се хоспитализирани во двете болници Ковид, каде 21 пациент е во тешка здравствена состојба.

Албанската опозиција и денеска обвини дека нема транспарентност во врска со епидемиолошката состојба во земјата, посочувајќи го како пример градот Елбасан.

Состојбата во Елбасан е катастрофална, каде речиси цел здравствен персонал е позитивен на Ковид-19. Нема карантин, ниту тестови за оние кои имале контакт со заболените. Сето тоа е негрижа на Владата и Министерството. Рама и Манастирлиу зборуваат од морскиот брег, обвини демократот Луциано Боци.

Тој додада дека целата територија на Албанија е „црвена зона“ и оти „само Бог знае како ќе се избегне здравствена катастрофа која е блиску“, зашто „Владата си земала подолг одмор“.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот министер за здравство: Без строги епидемиолошки мерки Мадрид е во сериозна опасност

А1он

САД: Седум милиони заразени со коронавирус

А1он

Казнети 630 луѓе кои не носеле маски во изминатото деноноќие

А1он

Британија го зголемува финансиското учество во СЗО, но бара реформа

А1он

Германски експерт: Карантинот не е решение, владите да не подлегнуваат на масовната хистерија

А1он

Лондонскиот градоначалник бара да се забрани одење по гости во време на пандемија

А1он