Во Албанија годинава 80 новозаразени со ХИВ, меѓу нив и две деца

Од:

Во Албанија годинава регистрирани се 80 нови случаи на заразени со ХИВ вирус, од нив 61 маж и 19 жени.

– Меѓу заразените се и две деца. Едното болеста ја добило од мајката, додека другото, едногодишно, основано се сомневаме дека е заразено при добивање здравствена услуга. Случајот се уште се испитува, изјави Олимби Хоџај од здружението на лица со ХИВ/СИДА.

Според неа детето по третманот во педијатриското инфективно одделение префрлено е во болница во една соседна земја за поспецијализиран третман.

Како последица од заразата годинава починале 11 лица од нив 5 кај кои истата е дијагностицирана годинава, што, додава Хоџај, е показател за ненавременото дијагностицирање на болест.

– Многу набрзо преку нашите програми и Global Fund програмата ќе почне самотестирањето за ХИВ/СИДА. Ќе биде чекор за побрза дијагностика , зашто целата битка во овој аспект е навремената и брза дијагностика, со цел лекувањето на почне навреме и инфекцијата да биде под контрола, најави министерката за здравство Огерта Манастирлиу.

Додаде дека за сите лица заразени од овој вирус лекувањето е бесплатно.

На целата територија на земјата со ХИВ/СИДА се 1506 лица од нив 47 деца.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија