Во Албанија евидентирани вкупно 555 заболени од СИДА

Од:

Во Албанија загрижувачки се зголемува бројот на заразени со вирусот на ХИВ/СИДА.

– Во периодот од јануари до ноември годинава, во Албанија евиденирани се нови 70 случаи на заразени од ХИВ/СИДА, со што вкупната бројка на евидентирани изнесува 555 случаи. Од вкупниот број, 30 отсто од заболените се жени, додека четири отсто се деца, кои болеста ја добиле од своите мајки, изјави министерот за здравство Вангел Таво по повод Светскиот ден за борба против СИДА-та.

Според Таво задоцнетото дијагностицирање и понатаму претставува голем проблем. Тоа го потврдува и фактот што дури половина од годинава дијагностицираните се упатиле во здравствените центри со напреднат стадиум на инфенција. Моментално во болницата „Мајка Тереза” во Тирана под редовен надзор се 220 заболени, јави дописникот на МИА од Тирана.

Иако вкупната бројка е многу помала во споредба со другите земји, стручните лица алармираат дека бројот на заразени веројатно е далеку поголем, поради фактот што само пет отсто од популацијата во земјата врши анализа за оваа болест.

Првиот случај на СИДА во земјата е регистриран пред речиси две децении, односно на почетокот на  1993, и досега починале стотина лица.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

Орце Костов

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов