Во Албанија две жртви од студот

Од:

Во изминатите два дена во Албанија регистрирани се две жртви како последица на студот, јави дописникот на МИА од Тирана.

Првата жртва од студот е 68-годишен маж, кој починал во неделата вечерта, откако одејќи по улица, поради студот добил срцев удар. Бил веднаш пренесен во болницата во Елбасна, но по кусо починал.

Втората жртва е 38-годишен маж исто така од Елбасан, кој бил пронајден утрово во близина на неговиот дом. Веднаш бил пренесен во болница, но лекарите само констатирале смрт. Тој бил хроничен срцево болен и причина за смртта бил инфаркт.

Неговата смрт е последица и на студот, зашто, според лекарите, студот многу влијае кај овие пациенти. Снежното невреме и ниските температури кои ја зафатија речиси целата територија на Албанија, блокираа многу рурални населени места а замрзнатите коловози создаваат проблеми во одвивањето на сообраќајот.

Најкритична е состојбата е во северниот дел на земјата и тоа во околиите Кукс, Пешкопеа, Лежа и Скадар, како и во околијата Корча, во југоистичниот дел на земјата.

Би можело да ве интересира

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско

Земјотрес во Албанија

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов