Во Албанија бројот на заразените со „Ковид-19“ се зголеми на 146 лица

Од:

Во изминатите 24 часа,во Албанија, дијагностицирани се 23 нови случаи со „Ковид-19“, со што вкупната бројка на заразени се зголеми на 146 лица.

-Во последните 24 часа, од вкупно тестираните 111 лица, потврдени се 23 нови случаи на „Ковид19“. Досега тестирани се 1.041 сомнителни случаи при што потврдени позитивнини се 146 лица. Со новите потврдени случаи се проширува мапата на погоди градови,со градот Круја. Во Инфективната клиника во Тирана хоспитализирани се 72 пациента. Од нив четворица се на интензивна терапија,додека тројца од нив се интубирани во тешка сосотојба, изјави заменик министерката за здравство Мира Ракацоли.

Најголем број од заболените се од Тирана или 83 лица, потоа од Фиер 14, Корча 11, Драч 9, Валона 5, Каваја, Лушња и Лежа по четири, Елбасан и Скадар по три, Рогожина и Хас по два, Берат и Круја по едно лице.

Ракацели инфомраше дека 17 од досега заразените се излекуванин но оти ќе мора да останат во домашна изолација уште 14 дена.

Таа уште еднаш упати апел до граѓаните строго да ги почитуваат препораките и ги замоли доколку сакаат одредена информација за коронавирусот да не одат веднаш во болница туку да се јават на посебната телефонска линија која служи и за хроничните болни.

Инаку, во Албанија до сега од коронавирус починаа пет лица.Четворица од нив боледувале и од други болести.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија