Во Албанија 124 новозаразени, четворица починати од Ковид-19 во изминатиот ден

Од:

Нови 124 случаи на заразени со Ковид-19, 41 оздравени и четири починати лица е билансот од епидемиолошката состојба во Албанија во последното деноноќие.

-Во изминатите 24 часа направени се 500 тестови на сомнителни случаи, при што позитивен резултат е добиен кај 124 од нив, со што вкупната бројка на заразени од почетокот на пандемијата до сега се зголеми на 6.275. Во исто време во списокот на оздравени се внесени 41 пациент или 3.268, додека, за жал, битката со опасниот вирус ја згубија четворица или вкупно 193 пациенти, изјави Марјета Дервиши од Институтот за јавно здравје.

Според неа активни на болеста се 2.814 лица, поголемиот процент се лекуваат амбулантски или во домашни услови.

Моментно во Инфективната клиника и болницата „Шефќет Ндроќи“(болница ковид2) хоспитализирани се 116 пациенти, при што 19 од нив се на интензивна терапија, додека четворица се интубирани, рече Дервиши, која го повтори апелот за строго почитување на препораките како од граѓаните така и од деловните субјекти.

Во меѓувреме опозицијата и денеска ја обвини Владата за нетранспарентност околу податоците за бројот на заразени, како и малиот број тестови направени во текот на еден ден.

Бројот на заразени сметаат дека е многу повисок нагласувајќи дека е потребно дневно да се прават најмалку по 2.000 тестови за Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија