ВМРО-БНД организира мирен протест пред зградата каде се одржува Советодавниот совет за национална безбедност при претседателот на Бугарија

Од:

ВМРО – Бугарско Национално Движење организира мирен протест пред зградата на Претседателството на Република Бугарија во Софија, додека таму се одржува седница на Советодавниот совет за национална безбедност при претседателот на Бугарија Румен Радев.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, од ВМРО-БНД се категорични и бараат да се гарантираат правата на македонските Бугари во Северна Македонија. ВМРО-БНД, исто така, инсистира да се признае заедничката историја меѓу двете земји до 1944 година, како и да се стави крај на јазикот на омразата.

Тие предлагаат и одржување референдум на оваа тема во Бугарија.

Лидерот на ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов, рече дека властите ги очекуваат многу посериозни протести доколку го сменат ставот на Бугарија, отколку што беа протестите против владата на Бојко Борисов во летото и есента 2020 година.

На протестот освен Красимир Каракачанов присуствуваше и европратеникот Ангел Џамбаски. Поради дождот во Софија протестот траеше кратко. Седницата на Советодавниот совет трае речиси четири часа.

Би можело да ве интересира

Радев и Вархеји очекуваат да поминат уставните измени веднаш по изборите на 8 мај

Орце Костов

Радев: Уставните измени се европски, а не бугарски барања

Бугарскиот претседател одби да го потпише указот за разрешување на шефот на бугарското МВР

Деца од Битола на средба со Радев без дозвола од родителите: Злоупотреба за политички цели, тврдат од Меѓаши

Орце Костов

Радев го поздрави испраќањето на амандманите во Собрание: Прв многу важен чекор, а не последен

Орце Костов

Радев: Новата влада треба да се грижи за бугарската армија, а не за воена помош за Киев

Предраг Петровиќ