Влошена состојбата со Ковид-19 во Албанија, претседателот не ја исклучува можноста да го свика Советот за национална безбедност

Од:

Албанскиот претседател Илир Мета искажа загриженост поради зголемувањето на бројот на новозаразени и на починати од коронавирус во Албанија, додавајќи дека не ја исклучува можноста да го свика Советот за национална безбедност.

Тој смета дека ситуацијата во земјата бара нова стратегија во консултација со земјите од ЕУ и Светската здравствена организација.

-Зголемувањето на бројот на граѓани погодени од Ковид-19 итно бара сериозен одраз, од државните институции, од владата, од опозицијата. Повеќе од неопходна е нова, конкретна и долгорочна стратегија, со добро дефинирани протоколи за справување и контролирање на растечкото ширење на оваа пандемија, која сериозно го загрозува здравјето и животот на граѓаните. Исто така е неопходна поинтензивна и поефикасна комуникација со соседните земји, со оние од регионот, со земјите од ЕУ и со СЗО, рече Мета.

За ова прашање, претседателот рече дека може да го повика Советот за национална безбедност.

„Секако, до сега сме имале неколку седници на Советот и доколку показателите се влошат, во договор со Владата ќе свикам седница, рече Мета.

Тој упати апел до граѓаните строго да ги почитуваат мерките и протоколите, да се грижат за своето и здравјето на другите. Смета дека токму непочитувањето придонело за влошување на показателите и оти тоа „не помага да се отворат границите со ЕУ, ниту со соседите и земјите во регионот“.

Во Албанија во последните 24 часа се регистрирани нови 71 заразени, а починале три лица – меѓу нив и еден лекар, што е втора жртва од Ковид-19 меѓу белите мантили.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија