Власта во Црна Гора ќе го отповикува Ѓукановиќ

Од:

Владејачкиот Демократски фронт (ДФ) денеска објави дека ќе побара изјаснување од Уставниот суд и ќе иницира отповикување на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ поради изјавите за тоа кој би можел да биде амбасадор на Црна Гора.

Претходно на годишната конференција во Цетиње, Ѓукановиќ рече дека оние кои биле против обновување на црногорската независност и против реализацијата на државата во претходните 15 години немаат морално право да бараат согласност на Црна Гора да бидат нејзини претставници.

ДФ објави дека Ѓукановиќ ги прекршил Уставот и основните човекови права на одредени луѓе со таа изјава.

„Се мисли на амбасадорите и луѓето кои не гласаа за независност на Црна Гора на 21 мај. Граѓаните на оваа земја кои учествуваа во една декларација, плебисцит заради тоа како се изјасниле, не можат да вршат јавна функција во земјата каде што Мило Ѓукановиќ е претседател и шеф на режимот 30 години“, рече пратеникот на ДФ, Славен Радуновиќ.

Ѓукановиќ денеска изјави дека започнал процесот на консултации за избор на нови амбасадори во странство.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора