Власта предлага во Србија на 3 април да се одржат редовни избори за претседател, за градот Белград и вонредни парламентарни избори

Од:

Во предлог спогодбата за изборните услови во дијалогот меѓу власта и опозицијата без посредство на странци (ЕП) се предвидува на ист ден, 3 април 2022 година, да се одржат редовни избори за претседател на Србија, членови на градското собрание на Белград и вонредни парламентарни избори, соопшти порталот Нова.рс, јави дописникот на МИА од Белград.

Во документот се наведува дека цензусот останува на три отсто, додека бројот на потписи за партиите на националните малцинства е намален од 10.000 на 5.000.

Според српските медиуми, претставниците на опозицијата треба да одговорат на овој предлог до 11 септември, кога се очекува средба со претседателот на Србија и лидерот на владејачката Српска напредна партија (СНС) Александар Вучиќ, за потпишување на договорот.

Нова.рс наведува дека во моментов се разговара за договорот, дека тој може да претрпи одредени промени и дека планот е конечната верзија да биде на маса во среда.

Претседателот на Собранието, Ивица Дачиќ претходно најави дека на оваа средба ќе биде претставено што власта прифатила од предлозите на опозицијата за подобрување на изборните услови.

Освен Дачиќ, на собирот присуствуваат и Владимир Орлиќ од СНС, социјалистот и генерален секретар на Собранието Вељко Одаловиќ, лидерот на Двери Бошко Обрадовиќ, Александар Шешељ од СРС, претседателот на ДЈБ Саша Радуловиќ, Милица Ѓурѓевиќ, претседател на движењето Заветници.

Поголемиот дел од опозицијата, кој ги бојкотираше последните парламентарни избори не учествува во дијалогот во овој формат, туку него го води со властите со посредство на преговарачи од Европскиот парламент.

Би можело да ве интересира

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него

Орце Костов

Сиљановска води во сите скопски општини: Предност пред Пендаровски има и во Чаир, Сарај, Шуто Оризари

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

Касами: ДУИ има купено гласови, Влен ги доби гласовите на Албанците

Александар Тодески

Сиљановска-Давкова: Жените беа мојата инспирација, нема да се однесуваме ние како мажите низ историјата

Орце Костов