Власта на Вучиќ ја поддржувала криминалната група на Вељко Беливук, обвини српската опозиција

Од:

Претседателот на српската Партија за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас, и лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, во одвоени писмени изјави по повод апсењето на криминалната група на Вељко Беливук, изјавија дека опозицијата не е виновна за поддршка на државата на мафијата, туку дека виновни се Вучиќ и владејачката Српска напредна странка (СНС).

– Тие се на власт девет години, управувајќи со полицијата, разузнавачката БИА, безбедносните служби и ги убедуваат луѓето дека земјата е безбедна. И така беше, но во нивната пропаганда, сè додека не се скараа со пријателите, наведе Ѓилас во изјавата.

-Опозицијата не е виновна за сето тоа, виновни се Вучиќ и СНС. Со денови го слушаме згрозувањето на Вучиќ во врска со криминалците кои до вчера за нив тепаа граѓани на протести, ја демолираа Савамала и ја обезбедуваа претседателската инаугурација со давење на новинари и за сето тоа криеја. Затоа не е виновна опозицијата, виновни се Вучиќ и СНС.

– Од сè што гледаме и слушаме овие три дена, јасно е дека тие се изиграни и дека сè што се случи е последица на соработката меѓу криминалците и врвот на државата“, оцени Ѓилас кој додаде дека е дојдено време да се замени поимот „врв на државата со имињата и презимињата на оние кои беа најревносни во поддршката на мафијата или беа нејзин составен дел“.\

Лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ во писмената изјава оцени дека зад криминалната групи на Вељко Беливук, стои политичкото покровителство на владејачката СНС, додавајќи дека пред СНС да дојде на власт, тие групи не постоеле.

Тој наведе дека „само по преминувањето на Дијана Хркаловиќ од БИА во МВР (како државен секретар), Беливук, кој во тоа време не бил ниту навивач на Партизан, со помош на полицијата и политички назначените клупски службеници, бил доведен на јужната трибина каде е инсталиран за водач на навивачите, со цел контрола на тоа „што се пее и што се дистрибуира меѓу навивачите“.

-Дали Дијана Хркаловиќ или Вељко Беливук подоцна се отцепија од контролата на оние од врвот на СНС и сегашната власт што ги доведоа на одредени позиции – тоа е друго прашање. Факт е, сепак, дека тие како организирана криминална група не би постоеле без владејачката партија и нејзините водечки луѓе во БИА и МВР, додаде Обрадовиќ.

Лидерот на Двери кажа дека сите тие порано биле добри за владејачката партија, додека ги исполнувале нивните наредби и „учествувале во малтретирањето граѓани и тепањето на опозициски активисти на локалните избори низ Србија“.

-Исто така, најголемо откриените плантажи со марихуана во модерна Европа (Јовањица) не би биле можни без политичката и полициската поддршка и заштита на сегашната власт, оцени лидерот на Двери, додавајќи дека сега сè се префрла на „изведувачите на работите“ за да се заштитат менторите.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара 221 година затвор за дилерите на Беливук

Валканите тактики на кланот на Беливук: Ги откажуваат адвокатите пред сведочењето на единствената преживеана жртва

Беливук: Уште еден член на групата ќе стане обвинет-соработник на обвинителството

Првата жртва на кланот на Беливук беше брутално убиена пред точно 4 години

Ана Ололовска

Куќа на ужасот: Прегледани 1000 морничави слики од куќата на Беливук во Ритопек

А1он

Беливук сонуваше да биде Легија вели човекот кој го уништи Земунскиот клан

Горан Наумовски