Влахиу: На Косово друга држава не може да организира референдум

Од:

Ниту една друга држава не може да организира референдум на територија на Косово, истакна портпаролот и советникот на медиуми на претседателката на Косово, Арбер Влахиу.

-Начинот и обликот на организирање на референдум и референдумските прашања се утврдени со Уставот и законите на Косово и ниту една држава не може да организира референдум на територија на Косово – истакна тој.

Потпретседателот на владата на Србија, Александар Вучиќ пред неколку дена нагласи дека доколку биде потребно во Србија и на територија на Косово ќе се организира референдум за прифаќање на договор, кој во Брисел го постигнаа премиерите на Косово и Србија, Хашим Тачи и Ивица Дачиќ.

Влахиу истакна дека договорот од 19-ти април јасно ги утврдува прашањата кои што се однесуваат на правата на српската заедница на Косово, на европскиот пат на Косово и Србија, како две соседни држави.

-Последниот договор го парафираа премиерите на двете држави и Србија и Косово презедоа обврски тоа да го остварат. На српската заедница на северот на Косово и се нудат права кои што се загарантирани со Уставот и на нив им се овозможува подобар живот и еднаквост како на сите други граѓани на Косово – нагласи тој.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина