Владиката Пахомие повторно обвинет за педофилија

Од:

Српскиот весник Врањански објавија сведоштво на момче кое според неговото тврдење било жртва на долгогодишно сексуално изживување од владиката Пахомие, епископ на врањанската епархија. Ова сведочење е втор случај во кој Пахомие е обвинет за против природен блуд и злоствување на малолетници.

Во првиот случај, и покрај сведочењата на жртвите, Пахомие беше по неколку годишно судење ослободен од обвинението. Сведочењето на момчето за весникот е нов случај со слично обвинување, дека Пахомие со присила и уценување со години сексуално го злоставувал.

Според момчето, тоа прв пат се случило кога имал само 15 години и бил ученик во богословското училиште. Обљубата врз него, Пахомие, како што тврди момчето ја направил во манастирот Свети Прохор Пчињски на празникот Илинден.

Момчето за весникот сведочи дека владиката го силувал безброј пати а тој молчел оти му било срам. На крај неможејки да ја издржи тортурата, му се поверил на некој свештеник на кого му верувал, и побарал да даде исказ во полиција, но не во Врање, оти таму го штителе Пахомие, туку во Лесковац.

По пишувањето на Врањански, на Пахомие му следи уште едно судење за педофилија и против природен блуд. Во меѓувреме, се огласила и епархијата на СПЦ која ја води Пахомие. Од таму ги отфрлаат обвинувањата и напишале дека Пахомие е на прв ден пости и дека црквата е милозлива и ќе им простела на ваквите грешници.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ