Владејачката партија во Турција ветува откривање детали за исчезнатиот саудиски новинар, полицијата смета дека е убиен

Од:

Турција ќе открие детали за исчезнувањето на познатиот саудиски новинар Џамал Кашоги, соопшти денеска владејачката Партија на правдата и развојот.

– Состојбата на исчезнатиот новинар, детали за него и кој е одговорен за тоа ќе бидат откриени, изјави портпарол на партијата на партиски конгрес со кој претседаваше претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган.

Извор од турската полиција изјави за западни медиуми дека Кашоги кој од вторникот се води како исчезнат, е убиен во Конзулатот на својата држава во Истанбул.

– Полицијата во своите први заклучоци смета дека новинарот бил убиен во Конзулатот од група што дошла во Истанбул со таква намера и се вратила истиот ден, наведе тој извор.з

Би можело да ве интересира

Ученичка од Јужен Велс со нож рани двајца професори и ученик

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Скопјанец во МВР пријавил дека била силувана неговата малолетна внука

Грк починал во битолско казино

Анита Петровска Рајковиќ

Почина американскиот новинар кој седум години беше заложник во либанската граѓанска војна

Го фатиле со марихуана – признал дека дома има уште и сам им ја предал на полицајците