Владата на Косово денес го усвои планот за имплементација на договорот, кој што беше постигнат на 19-ти април во Брисел и сега ќе го проследи до Парламентот на усвојување.
Косовскиот премиер Хашим Тачи на седницата на владата истакна дека со овој план Косово по втор пат ја извојува најтешката битка во спроведувањето на договорот.
Тој наведе дека е договорено асоцијацијата на општините да биде функционална по одржување на локалните избори.
-Тоа ќе овозможи на северот на Косово да се воспостави уставен поредок и да се вратат законите-наведе Тачи.
Според него договорот го опфаќа планот за примена во потполност, вклучувајќи ги и временските рокови, асоцијацијата на заедницата, полицијата, правосудството, локалните избори и општите одредби.
Тачи истакна дека е предвидено планот да се примени во текот на наредните шест месеци.
Елена Георгиевска