Владата на Ципрас нема да им дозволи на меѓународните кредитори да се вратат во Грција

Од:

Грчката Влада денеска соопшти дека нема да им дозволи на претставниците на меѓународните кредитни организации да се вратат во Грција, само еден ден откако грчкиот министер за финансии изјави дека кредиторите ќе бидат добредојдени во земјата, пренесе ДПА.

-Тројката е минато во формата во која ја познаваме, како и праксата претставниците на тројката да доаѓаат во Атина на разговари со различни министерства, изјави владиниот портпарол Гаврил Сакеларидис за приватната телевизија Антена.

Сакеларидис изјави дека министерот за финансии Јанис Варуфакис директно ќе зборува со институциите и одлуките ќе се донесуваат на политичко ниво, додека претставниците на грчката Влада и меѓународните кредитори на земјата ќе разговараат на техничко ниво во Брисел.

Изјавата на Сакеларидис е во спротивност со онаа што Варуфакис вчера ја даде по завршувањето на средбата на Еврогрупата во Брисел, на која тој кажа дека членовите на кредитните институции ќе бидат поздравени во Атина.

-Грција е многу гостопримлива земја, така што членовите на сите инстутуции би требало добро да ги пречекаме во Грција – не само за одмор, туку, исто така, за да се заврши многу многу сериозната работа, што е неопходна, рече Варуфакис.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит