Вјоса Османи нова в.д. претседателка на Косово

Од:

Претседателката на косовскиот парламент, Вјоса Османи, ќе биде вршител на должноста претседател на државата, затоа што тоа го предвидува косовскиот Устав во случај претседателот да ја напушти функцијата, пишува „Коха“.

Токму тоа се случи денес, кога Тачи на прес-конференција објави дека поднел оставка од функцијата претседател, наведувајќи дека обвинението на Специјализираното обвинителство во Хаг е потврдено против него.

Ваква ситуација се случи во 2011 година, кога Јакуп Красниќи стана вршител на должноста претседател по оставката на Беџети Пацоли, потсетува „Коха“.

Би можело да ве интересира

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски