Шверцот на цигари во Грција добива опасни димензии и е бомба со задоцнета детонација за економијата на земјата, бидејќи создава огромни загуби од даноци, а од друга страна шверцуваните тутунски производи на пазарот се со исклучително сомнителен квалитет, предупредува весникот „Вима“, повикувајќи се на грчкиот анализа на Центар за економски истражувања (КЕПЕ).
Според оценки на центарот, нелегалната трговија со цигари во Грција во 2013 година изнесувала 23 отсто, што значи дека секоја четврта цигара во земјата е нелегална.
Во 2010 година незаконската трговија со цигари забележа раст на 10,8 отсто, во 2011 година таа скокна до 14,9 отсто, а во 2012 година достигна 17,2 отсто.
Истражувачкиот центар смета дека шверцот на цигари во следниот период ќе ги надмине сегашните 23 проценти.