„Вијести“: Уапсен директорот на црногорската Управа за приходи и царини Раде Милошевиќ

Од:

Црногорската полиција го уапси директорот на Управата за приходи и царина на Црна Гора, Раде Милошевиќ, под сомнение дека е дел од организиран синџир што украл и шверцувал дел од цигарите кои државата ги запленила летово во слободната царинска зона на пристаништето Бар, наведуваат медиумите во Подгорица.

Милошевиќ и уште неколку лица се уапсени во акцијата на Специјалното полициско одделение по наредба на Специјалното државно обвинителство, поради сомнение за кривично дело создавање злосторничка организација, злоупотреба на службената положба и шверц на цигари.

Милошевиќ е избран за директор на Управата на крајот на април годинава. Тој е член на Граѓанското движење УРА, на премиерот во оставка Дритан Абазовиќ.

„Вијести“ јавува дека меѓу осомничените има и лица од државниот систем, кои беа уапсени во тајната акција на Специјалното полициско одделение и специјалното обвинителство, под сомнение дека се дел од организиран синџир на кражби и шверц на цигари, кои наводно биле запалени во печките на „Јаворка“ и на „Железарата“ во Никшиќ.

Во веста пишува дека обвинителството смета дека бројот на пакети наведени во документите на Управата за приходи и Царина не биле запалени во печките, туку дека дел од запленетата стока завршила во шверцерските синџири.

Првото уништување на запленети цигари Управата за приходи и царина го организирала на 30 јуни годинава во приватната фабрика „Јаворак“ во Никшиќ. Во таа тајна акција, без знаење на Полициската управа, пред четиричлена комисија од Управата за приходи и царини биле уништени дел од цигарите, но никогаш не било јавно соопштено за колку пакети станува збор.

Во следните два наврати, Управата за приходи и царини го организирала палењето на 17 август, кога УПЦ соопштила дека 1.000 кутии цигари запленети во слободната зона на пристаништето Бар ќе бидат уништени во печките лоцирани на теренот „Фабриката Јаворак МБ“ во Никшиќ.

Последното палење било организирано во четвртокот во „Железарата“ во Никшиќ, кога Милошевиќ најави дека ќе биде уништена стока во пазарна вредност од три милиони евра, а во набавката приближно еден милион евра.

На тоа уништување беа присутни и премиерот Дритан Абазовиќ и министерот без ресор Зоран Миљаниќ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора