Вијести: РТЦГ ги отпушти сите хонорарци

Од:

Јавниот сервис на Црна Гора, во ситуација на епидемија на коронавирус, заклучно вчера ги отпушти сите вработени кои имале статус на хонорарни соработници, објави подгоричкиот весник „Вијести“.

Генералниот директор на Радио телевизија Црна Гора (РТЦГ) Божидар Шундиќ го известил менаџментот дека од вчера во Јавниот сервис нема да работат хонорарци. Шундиќ во дописот навел дека на хонорарните соработници ќе им се даде отказно решение согласно заклучоците на Владата и итните мерки во врска со коронавирусот.

„Ве известувам дека од први април РТЦГ нема да ангажира ниту еден хонорарен соработник. Ве молам на сите да им се заблагодарите за соработката. Штом се стекнат услови, ќе бидат повторно ангажирани“, се посочува во дописот.

„Вијести“ истакнува дека не успела да го добијат телефонски диркеторот на РТЦГ за да дознаат за колку лица станува збор.

Според претходни податоци, кон крајот на минатата година РТЦГ имала 723 вработени, од кои 717 со договор на неопределено време. Во претходна изјава, Шундиќ оцени дека во Јавниот сервис има вишок дури 2509 вработени. Буџетот на РТЦГ за 2018 и 2019 година изнесувал речиси 14 милиони евра, а Јавниот сервис се финансира од парите на даночните обврзници.

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора

Нов земјотрес ја погоди Црна Гора

Нов земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес во близина на Никшиќ

ВИДЕО: Први снимки од земјотресот во Црна Гора

30 последовни земјотреси регистрирани по главниот удар во Црна Гора

Катерина Ѓуровски