Вијести: Ѓукановиќ се договорил и за отповикувањето на седумтемина амбасадори

Од:

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, потпретседателот на Владата, Дритан Абазовиќ и министерот за надворешни работи Ѓорѓе Радуловиќ постигнаа денеска договор во врска со отповикувањето на седум црногорски амбасадори.

Средбата меѓу Ѓукановиќ, Абазовиќ и Радуловиќ траеше речиси два часа.

Како што е соопштено вечерва, Ѓукановиќ ќе го потпише указот за отповикување на амбасадорите, откако Радуловиќ му доставил адекватни образложенија за нивно менување.

Средбата ја иницирал Радуловиќ, по кризата со решавањето на прашањата за повлекување на седумтемина дипломати, кое го побара Владата, но шефот на државата одбиваше да го потпише указот за тоа.

Според пишувањето на подгоричкиот весник „Вијести“, ниту еден од учесниците на состанокот не сакал да даде изјава за новинарите.

Шефот на црногорската дипломатија во образложението наведе дека амбасадорите им наштетиле на интересите на државата, не прецизирајќи за што станува збор.

Радуловиќ одлучи да бидат отповикани амбасадорите во Кина, Дарко Пајовиќ, во Србија Тарзан Милошевиќ, во Обединетите Арапски Емирати Душанка Јекниќ, во Ватикан – Миодраг Влаховиќ, во Италија Сања Влаховиќ, во БиХ Обрад Миша Станишиќ и во Германија, Вера Кулиш.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора