„Вијести“: Црна Гора може да добие до 500 милиони евра од ЕУ

Од:

Црна Гора може да очекува да добие околу пет проценти од средствата, грантовите и поволните заеми од девет милијарди евра од Инвестициската рамка на Европската комисија (ЕК) за Западен Балкан, што е околу 450 до 500 милиони.

Сепак, сè зависи од квалитетот на предложените проекти, изјави соговорникот на „Вијести“ вклучен во активностите поврзани со тој проект и додаде дека ЕУ ќе бара проектите да бидат неопходни, економични, одржливи и еколошки.

Тој наведува дека во изминатите десет години од постоењето на Инвестициската рамка, Црна Гора добила околу 410 милиони од околу 7,5 милијарди дистрибуирани грантови и поволни заеми за земјите во регионот.

Инвестициската рамка на Западен Балкан (WBIF) е воспоставена од Европската унија за да им помогне на земјите кандидати да се развиваат побрзо и подобро, како и да го олеснат контактот меѓу корисниците – шесте земји во регионот Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Србија, Косово и Северна Македонија со институциите и банките на ЕУ како донатори и кредитори.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора