Виенски институт за меѓународни економски студии: На ЕУ и е потребна нова стратегија за Западен Балка

Од:

На Европската унија и е потребна нова стратегија за Западен Балкан, нагласуваат од Виенскиот институт за меѓународни економски студии и Фондацијата Бертелсман. Нивното соопштение е пред состанокот в среда во Словенија на лидерите на ЕУ и на Западен Балкан каде се очекува најава за економски и инвестициски план во вредност од девет милијарди евра, што треба да генерира приватни инвестиции од околу 30 милијарди евра

„Тоа е оптимистички. Ветениот економски пакет малку ќе промени во економската ситуација на Западен Балкан, изјави заменикот-директор на Виенскиот институт и коавтор на студијата на Фондацијата Бертелсман, Ричард Гривесон.

Тој додаде дека потребни се дополнителни средства и план за екологизација и дигитализација на балканските економии. Студијата покажува дека земјите од регионот економски заостануваат многу зад земјите-членки на ЕУ и дека наследството од војните во поранешна Југославија и понатаму ги оптоварува односите меѓу државите.

Во студијата се посочува дека билатералните економски договори склучени 2000-те помеѓу земјите од Западен Балкан имаат мал позитивен ефект односно извозот во регионот се зголеми за околу 14 отсто. Последователно учеството во ЦЕФТА, што ги замени билатералните договори во 2007 година, го зголеми извозот во регионот за 38 проценти. Но, иако регионалната интеграција е зголемена, таа нема значително влијание врз економскиот развој.

„Бруто домашниот производ на регионот е се уште многу низок, односно на ниво на БДП на Словачка“, истакна Гривесон. Тој додаде дека е зголемен јазот помеѓу новите членки на ЕУ во истокот на Европа, што е загрижувачки, бидејќи посиромашните земји треба да растат побрзо од богатите.

БДП по глава на жител на Западен Балкан е помеѓу 20 и 40 проценти од нивото на Германија, а со тоа и под секое мнозинство од источноевропските членки на ЕУ.

Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ едвај го промени тоа, бидејќи извозот во ЕУ се зголеми за помалку од една четвртина во последните две децении.

Директните инвестиции од ЕУ се зголемија за околу 46 отсто во истиот период, што, според нив, е скромно во споредба со растот на директните инвестиции од ЕУ во Полска, Чешка, Словачка или Унгарија пред да влезат во Унијата.

Гривесон посочува дека не е можно да се зборува за процесот на приближување, иако постојат индиции дека може да има враќање на производството од Азија во Европа, а со тоа и на Западен Балкан.

Во студијата се наведува дека успесите во областа на инфраструктурата се ограничени, иако земјите од регионот се успешно поврзани со трансевропските транспортни и енергетски мрежи.

„Досегашната стратегиоја на ЕУ за форсирање регионална економска интеграција со цел потикнување на економските процеси и решавање на конфликтите не беше успешна, смета Штефани Ванјс експертка за прашања на ЕУ во Фондацијата Бертелсман во Брисел.

„Со Кина во регионот настапи актер што задава се повеќе главоболкки на Европејците. Најавените кинески инвестиции во регионот вредат околу седум милијарди евра.Често тие инвестиции предизвикуваат економска зависност и влијанието на ЕУ е слабо. Тоа треба да се земе предвид“, рече Вајнс.

Со цел да се поттикне економскиот развој на земјите од регионот, авторите на студијата препорачуваат најсеопфатен економски пристап кон ЕУ.

„Особено затоа што пристапувањето станува се подалечно поради политички причини, и Брисел мора да понуди алтернатива“, наведува Вајс. Една можност би била отворање структурни и кохезиони фондови, како и други финансиски инструменти на ЕУ за Западен Балкан. Според студијата, тоа не би ги оптоварувало даночните обврзници на ЕУ, само еден процент од БДП.

Интеграцијата во царинската унија, како и продолжувањето на постојните Договори за стабилизација и асоцијација, исто така, би биле корисни, се заклучува во студијата.

Би можело да ве интересира

Откажани летовите Скопје – Виена поради штрајкот во „Аустријан ерлајнс“

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Усвоена заедничка изјава на лидерите на Западен Балкан на Конференцијата на високо ниво „Раст и конвергенција на Западен Балкан”