ВИДЕО: Жестока тепачка на семафори во Загреб

Од:

На улиците на Нов Загреб денеска околу 14 часот се случила несекојдневна пресметка на двајца возачи, која ќе добие и судски епилог.

Поради одземање на предност што предизвикало низа други несогласувања во сообраќајот додека се возеле по улицата меѓу населбите Сопот и Утрин, на семафорот возачите на Опел Корса и Ауди влегле во судир.

Летале шлаканици и дошло до туркање, а сопатничката на Опелот со својот врисок и мавтајќи со рацете се обидувала да ги смири разгорените страсти на двајцата возачи.

Сето тоа се одвивало пред очите на другите возачи кои од редицата возила ја следеле тепачката, а некои од нив дури се обидувале да ги смират возачите.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари