ВИДЕО: Загрозена безбедноста на Дритон Абазовиќ откако му сврте грб на Ѓукановиќ за коалицирање

Од:

Црногорското граѓанско движење УРА побара од Агенцијата за национална безбедност и од полициската управа да ја проценат безбедноста на лидерот Дритан Абазовиќ и неговиот имот.

Во барањето до двете институции се изразува очекување да се направи детална проценка за загрозувањето на животот, менталниот интегритет, приватноста и личните права на Абазовиќ.

Лидерот на движењето УРА, Зоран Микиќ, изјави дека очекува институциите да реагираат имајќи ги во предвид зголемените тензии кои може да го загрозат животот на Абазовиќ.

На вчерашниот состанок на Демократската партија на социјалистите, чиј лидер е Мило Ѓукановиќ, беше потврдено дека партијата сака да ја продолжи коалицијата за формирање влада со некогашните партнери, меѓу кои и со движењето УРА на Абазовиќ.

Се претпоставува дека Ѓукановиќ веќе ја обезбедил поддршката од другите досегашни коалициски партнери, но без Абазовиќ немаат доволен број пратеници за да формираат влада.

Сепак, очекуваната поддршка од Абазовиќ не се случи, тој во гостувањето на Ал Џазеира остро го нападна Ѓукановиќ нарекувајќи го европскиот Лукашенко.

Абазовиќ рече дека ова се последните обиди да се изврши притисок врз него со цел тој да го промени мислењето и одлуката да не коалицира со партијата на Мило Ѓукановиќ.

„Се е осудено на пропаст, се е готово, game over, европскиот Лукашенко пропадна“, додаде Абазовиќ.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора