ВИДЕО: Загрепчани празнуваат во гужви, без маски и со жива музика, ечи „Јовано, Јованке“

Од:

Според денешните снимки кои ја пренесуваат атмосферата на Бадник во Загреб, жителите на хрватскиот главен град како да заборавиле дека има пандемија. На популарниот Цветен плоштад, познат по преубавата празнична атмосфера во изминатите години, стотици загрепчани се собраа и денеска, пиејќи алкохол и веселејќи се на жива музика, која изведуваше и македонски песни, како „Јовано, Јованке“.

Според она што се гледа на снимките, и во други хрватски градови денеска наголемо започнаа божиќните празнувања, а луѓето се однесуваа како да сме на крајот на некоја обична година. Се пиеше, луѓето беа збиени во групи, речиси никој не носеше заштитна маска, а во Задар луѓето дури и хорски запеаја во дел од баровите и рестораните, понесени од празничната атмосфера.

Во Загреб, но и во поголемиот дел од Хрватска, на сила и натаму се антиепидемиските заштитни мерки кои налагаат задолжително носење маски и на отворен простор во ситуации каде што не е можно одржување дистанца од два метра, како и други мерки кои не беа почитувани денеска.

Од почетокот на пандемијата, во Хрватска од коронавирусот починаа околу 3.400 луѓе, од кои 1.009 беа жители на главниот град.

Би можело да ве интересира

На медицинските сестри им се слошило во загрепска болница, итната помош била затворена пет часа

Горан Наумовски

Хрватска: Ослободена е келнерката која запали шанк и повреди седум лица

Горан Наумовски

ВИДЕО: Келнерка палела шанк во ноќен клуб, ги запалила и гостите – инцидент ов Хрватска

Заладување во регионот, снег во Загреб и Бања Лука

Алпинист загина во Националниот парк Пакленица, паднал од височина од околу 150 метри

Пукано во возилото на хрватскиот јавен обвинител Иван Турудиќ

Горан Наумовски